Мега популарната пејачка Северина настапува утре на Градскиот плоштад во Крива Паланка како главна ѕвезда со која ќе бидат заокружени фестивалските прослави посветени на патрониот општински празник „Свети Јоаким Осоговски“ – 29 август и на Денот на рударите – 28 август, кога воедно се прославува и Голема Богородица.
За големиот празничен концерт со една од најпопуларните регионални музички ѕвезди, кралицата на сцената чии хитови се неодминлив дел од секоја забава, веќе се најавени голем број посетители и гости одцела Макрдонија и од регионот.
Пејачката е миленик на публиката од сите генерации, а особено е атрактивна со своите сценски настапи со кои ги поместува границите и ги диктира трендовите,па така ќе ги разигра и разубави и празнувањата во Крива Паланка.
Пред Северина, настапува Давид Темелков кој ги освои срцата на сите со хитовската песна „Мојата Македонија“, а фестивалските празнувања ќе бидат затворени истата вечер, по настапот на Северина со концерт на енегичните, моќни и оригинални BRASS Brothers.
Мега спектакуларниот концерт на Северина и останатите концерни настапи се реализираат во рамките на Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.
The post Утре, спектакуларен концерт на мега популарната Северина во Крива Паланка appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде