октомври 30, 2024

Во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, од четврток до недела 29-31 август на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи 13то издание на фестивалот „Prilep Jazz Weekend“.

Прилепскиот џез фестивал и овој пат ќе понуди одлична програма со повеќе концерти, и перформанси, со што ветува доживување на ново и незаборавно искуство на сите љубители на добрата музика.

Во своето издание за оваа година е испланирана следната програма:

Фестивалот ќе го отвори квартетот на тромбонистот Филип Стевановски, а после нив ќе настапи фракцијата од четворица млади музички аскети COBALT CODE UNIT која неуморно талка низ обемните широчини на јужно балканските традиции на импровизирана и ритуална музика контемплирајки ги хоризонтите на современиот џез, креативната слободна импровизација, психоделичните импресии на афричките ритмички јазици и бучавата на индустрискиот метеж пресликани преку призмата на авангардниот израз. , од кои се очекува импровизација на сцената и еден уникатен проект пред Прилепската публика.

Четврток 29 август 2024г
⦁ Филип Стевановски КВАРТЕТ
⦁ COBALT CODE UNIT

Втората вечер ќе започне со настапот на триото на Ѓоле Грујовски со промоција на новиот албум „Deep Blue“, а после нив пред Прилепската публика ќе се претстави квартетот на Никола Бочваров со специјалниот гостин Ристо Вртев ( Архангел).

Петок 30 август 2024г
⦁ Ѓоле Грујовски ТРИО
⦁ Никола Бочваров КВАРТЕТ со специјален гостин Ристо Вртев.

Последниот ден од фестивалот ќе се претстават гостите од Србија и Словенија/Украина.

Предводени и формирани од словенечкиот саксафонист и композитор Јуре Пукл, Jure Pukl Organic Trio е група од тројца артисти чија музика е оригинална и содржи елементи на џез, модерна класична музика и мешавина од популарни музички жанрови. Фестивалот ќе го затворат гостите од Србија, CRNO DETE со еден уникатен проект со звук кој е комбинација од рок, ноиз,џез, панк и фолк.

Сабота 31 август 2024г
⦁ Jure Pukl ORGANIC Trio
⦁ CRNO DETE

Овие настапувачи се распоредени во три фестивалски денови, а во оф програмата предвидени се концерти на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука, како и во клубовите Калинка И Таверна во старата прилепска чаршија.

The post Започна тринаесеттото издание на прилепскиот џез фестивал Prilep Jazz Weekend appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK