декември 22, 2024

 САД планираат да примат до 30.000 мигранти месечно од Куба, Никарагва, Хаити и Венецуела во рамки на програмата што вклучува депортирање на луѓе од тие земји фатени на границата меѓу САД и Мексико, потврдија денеска официјални лица од двете земји.

Проширената хуманитарна програма ќе се заснова на политиката донесена во октомври која им овозможи на илјадници луѓе од Венецуела да влезат во земјата по воздушен пат, доколку претходно аплицирале во странство и можат да докажат дека имаат спонзор од САД, потврдија изворите.

Двајца американски функционери очекуваат новата програма да биде објавена денеска, но Белата куќа засега тоа не го потврди.

Американскиот претседател Џо Бајден денеска треба да одржи говор за безбедноста на американската јужна граница, а исто така планира да ја посети следната недела. Тој ќе биде во Сиудад де Мексико на 9 и 19 јануари на самитот на северноамериканските лидери, каде ќе се сретне со мексиканскиот претседател Андреас Мануел Лопез Обрадор и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Проблемот со масовните илегални преминувања е предизвик за демократскиот претседател од почетокот на неговиот мандат пред две години.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK