декември 22, 2024

На дваесетина километри од Охрид, сместено во пазувите на планинскиот масив Мазатар –Бајрак, на надморска височина од 1100 метри се наоѓа селото Куратица. Со денови животот во ова село пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има дваесет и четири годишна традиција. Жителите ги привршуваат последните подготовки, набавка на дрва за василичарскиот оган,се дотеруваат маските кои ги подготвуваат со многу внимание. Секоја различна и уникатна.
Месната заедница од село Куратица, Здружението на граѓани Св.Василиј и населението на с.Куратица ве покануваат на 24-то издание(1 год пауза од пандемија)на Василичарски Карневал Куратица – 2023. Бидете дел од традиција стара 500 години пренесувана од колено на колено.
ПРОГРАМА 2023
13ти Јануари
• 18:00 часот тргнување на василичарската поворка од пред васличарскиот оган, во посета на сите домаќинства
• Околу 04:00 часот завршување со посета на сите домаќинства
14ти Јануари
• 18:00 часот, КУД ФАЛАНГА-ЛЕСКОЕЦ
• 19:00 часот, Музичкиот дел го започнуваат Оркестар МАЕСТРАЛ-Битола и Дарко Стојаноски празнување со дефиле на маските во 20:30 часот.
• 22:30 часот прогласување на најдобрите детски и возрасни маски, проследено со огномет.
• 01:00 часот привршување на василичарските празнувања.

За сите кои не ќе се можност да присуствуваат целиот настан ќе биде емитуван во живо од страна на 2 ССтудио

Ве очекуваме
Здружение на граѓани Св Василиј и Месна заедница Куратица

The post Куратица се подготвува за Василичарскиот карневал appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK