мај 10, 2026

Градскиот плоштад во Крива Паланка беше претесен да го собере огромниот број посетители кои дојдоа да го проследат празничниот концерт со балканската мега ѕвезда Северина, организиран по повод патрониот празник на градот „Свети Јоаким Осоговски“.

Концертот беше вистински спектакл, исполнет со енергија, страст и еуфорија од публиката. Северина, позната по својот уникатен музички и сценски стил, ја потврди својата репутација како една од најголемите звезди на Балканот. Љубителите на музиката имаа можност да уживаат во нејзините најголеми хитови, со перформанси што оставија публика воодушевена.

„Мило ми е што сум во Крива Паланка заедно да ги прославиме големите празници посветени на манастирот. Ја сакам публиката овде, а Македонија ја сакам како своја земја. Одлично се чувствувам во вашата земја“, порача Северина.

Концертот започна со спектакуларен огномет, а атмосферата беше полна со возбуда. Северина неуморно ги анимираше посетителите со својот харизматичен настап, а публиката беше во постојан ритам и одговори на секој нејзин повик со овации.

На концертот посветен на споделување на празничниот дух настапија и Давид Темелков и бендот Брас Брадрс, кои ја освежија сцената со различните музички жанрови.

Општина Крива Паланка покажа високо ниво на организација и успеа без проблеми да ги пречека бројните гости и посетители на големиот празничен настан.

The post Северина дочекана со еуфорија на празничниот концерт во Крива Паланка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK