мај 9, 2026

Познатата манекенка Клаудија Шифер пред неколку дена го прослави својот 54 роденден, а сега се пофали со снимка од Грција каде позира во бели бикини.

„Грчката пеперутка се врати оваа година за мојот роденден. Ви благодарам на сите за прекрасните роденденски желби“, напиша таа покрај видеото од слетувањето на пеперутката на нејзината рака.

Манекенката и минатата година го прослави својот роденден во Грција и објави фотографија во бикини и покажа неочекуван гостин кој допатува за нејзиниот роденден.

Инаку, Клаудија е во брак со британскиот режисер Метју Вон 22 години и заедно имаат три деца, синот Каспар (21) и ќерките Клементина (19) и Козима (14).


The post (Видео) Клаудија Шифер го прослави својот 54 роденден, се пофали со снимка во бикини appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK