септември 19, 2024

Жител на неготинско село синоќа пријавил во полиција дека неговата невенчана сопруга му го оштетила возилото, информираа денеска од СВР Велес.

– Синоќа во 19.40 часот ОВР Неготино било пријавено дека во градот бил нарушен јавниот ред и мир со агресивно однесување и расправија помеѓу Б.Д.(53) и неговата невенчана сопруга А.М.(19), двајцата од неготинско село, по што Б.Д. пријавил дека А.М. со тврд и остар предмет му го оштетила неговото патничкото возило „мицубиши“. По целосно документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштија од СВР Велес.

Оттаму информираа дека вчера во 14.25 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, кај место викано „Северова падина“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(28) од Кавадарци и патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.М.(31).

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „форд“, Е.С.(33) од Кавадарци, констатирани во кавадаречката болница. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK