септември 19, 2024

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија на свој терен Бетис со 2:0, во натпреварот од четвртото коло на шпанската Примера. Двоен стрелец за Реал беше Мбапе во 67. и 75. минута од пенал.

Двојниот стрелец по натпреварот го изрази своето задоволство од постигнатите голови, додавајќи дека треба целосно да се прилагоди на својот нов тим Реал Мадрид, пренесоа француските медиуми. Тој претходно беше критикуван во шпанските медиуми што досега не постигнал гол. Потенцира дека е задоволен од играта и дека не е оптоварен со тоа што во првите три рунди не постигнал гол.

Францускиот фудбалер оцени дека треба целосно да се прилагоди во новиот тим и дека тоа е единствениот „притисок што си го наметнува“ бидејќи смета дека е важно да има добра комуникација со сите во тимот.

„Се чувствувам добро во тимот, иако знам дека можам подобро. Постигнував голови и знам дека ќе продолжам да го правам тоа“, додаде Мбапе.

Во следното коло Реал Мадрид му гостува на Реал Сосиедад, додека Бетис го пречекува Леганес.

The post Мбапе: Можам подобро, постигнав голови и ќе продолжам да го правам тоа appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK