септември 19, 2024

На 02.09.2024 околу 17.45 часот во ОВР Пробиштип било пријавено дека во помошен објект на ул.„Миро Барага“ во Пробиштип, сопственост на П.Д.(88) од Пробиштип, настанала експлозија на плинска боца и пожар, соопшти МВР.

Притоа, сопственикот се здобил со повреди и бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување помош. Од пожарот настанало делумно оштетување и на соседната куќа, сопственост на Ц.В..

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Пробиштип пожарот бил изгаснат, а по наредба на јавен обвинител увид на местото извршила екипа од ОВР Пробиштип.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK