септември 20, 2024

Двајца дрвосечачи се убиени во напад со лак и стрела откако навлегле на територијата на домородното племе Машко-Пиро длабоко во Амазон во Перу.
Тензиите меѓу дрвосечачите и племињата се во пораст, според групата за човекови права позната како Fenamad, која ги брани правата на домородното население во земјата.
Fenamad, која застапува 39 домородни заедници во регионите Куско и Мадре де Диос во југоисточниот дел на Перу, рече дека двајца други дрвосечачи се исчезнати, а еден е повреден. Инцидентот се случил на 29 август во близина на реката Паријаману додека дрвосечачите ги проширувале своите премини во шумата и дошле во контакт со изолираното племе.
Перуанската држава не презеде превентивни и заштитни мерки за да го обезбеди животот на дрвосечачите“, велат од Fenamad. Последниот напад се случил на околу 25 километри од каде членовите на Машко-Пиро нападнале и дрвокрадци во јули, пишува Sky News.

Fenamad се пожали дека ништо не е преземено, иако тие веќе ја информирале владата за опасноста од зголемување на насилството.

„Тоа е вжештена и напната ситуација“, рече Цезар Ипенза, адвокат од Амазон, специјализиран за еколошко право во Перу.

„Несомнено, секој ден има сè повеќе и повеќе тензии меѓу домородните народи во изолација и различните активности што се случуваат на територијата низ која минуваат“, додаде тој.

Во 2022 година, членовите на изолираното племе со стрели убија двајца дрвосечачи кои ловеле риба. Тогаш умре еден дрвосечач.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK