септември 20, 2024

Бразилскиот фудбалер Нејмар не ја започна добро кариерата во Саудиска Арабија. Некогаш наречен „чудо од дете“, бразилскиот фудбалер Нејмар минатата сезона го напушти ПСЖ и за 90 милиони евра се пресели во Ал Хилал во Саудиска Арабија.

На Саудијците не им се исплатеше бидејќи Нејмар одигра само пет натпревари и вкупно 386 минути за Ал Хилал. Договорот му гарантира околу 300 милиони евра за две години, што значи дека секој негов натпревар чини 30 милиони евра…

Нејмар заработи тешка повреда на коленото, а опоравувањето трае многу подолго од очекуваното со оглед на тоа што Нејмар не тренира и по 11-месечна пауза од повреда на предните вкрстени лигаменти. Како што пренесуваат фудбалските медиуми, Нејмар паднал на тестот за физичка подготвеност во саботата и лекарската проценка е дека нема да може да игра уште два месеци.

 

The post Нејмар падна на тестот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK