април 29, 2026

Капитенот на Пари Сен Жермен, Маркињос, зборуваше за задоволството што го почувствуваа играчите за време на победата над Баерн (5:4), во првата средба од полуфиналето на Лигата на шампионите.

„Мислам дека сите љубители на фудбалот уживаа гледајќи го овој натпревар. За нас на теренот беше вистинско задоволство да играме ваков натпревар. Ова се натпревари за кои сонуваш цела година, уште од детството“, рече Маркињос и дополни.

„И двата тима имаат менталитет никогаш да не се откажуваат, постојано да вршат притисок и да одат напред. Беше одлична фудбалска игра и така ќе биде и таму. Имаме мала предност, но мора да одиме таму со вистински менталитет, за да победиме.“

Маркињос се осврна и на повредата на Ашраф Хакими кон крајот на натпреварот.

„На теренот, рече дека биле грчеви, не знам дали е грбот или листот. Ќе имаме повеќе информации во наредните денови.“

Foto/ Depositphotos

Share

The post Маркињос: Уживавме, мислам дека уживаа и сите фудбалски фанови appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK