април 29, 2026

Алжирскиот фудбалер Ријад Марез ги воодушеви своите соиграчи со необичен подарок откако ја освои Азиската Лига на шампиони со Ал-Ахли.

По големиот успех, Марез одлучи да ја почасти целата соблекувална со луксузни часовници „Ролекс“. Секој играч доби персонализира подарок вреден околу 17.000 фунти (речиси 20.000 евра). На задната страна се егравирано името на секој фудбалер посебно и детали во знак на сеќавање на освојувањето на трофејот.

Ал-Ахли ја освои втората последователна континентална титула со победа од 1:0 над Мачида во финалето.

Марез е во Ал-Ахли од 2023 година, кога за сума од пколу 35 милиони евра пристигна од Манчестер Сити.

Foto/ freerangestock.com

Share

The post Марез ги честеше соиграчите – Секој доби подарок од 20.000 евра appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK