Џелатот на Барселона, Атлетико Мадрид и единствениот непоразен тим сезонава во Лигата на шампионите, Арсенал, вечерва на „Метрополитано“ во Мадрид ќе го одиграат првиот полуфинален наторевар во елитното натпреварување.
„Не е притисок, туку одговорност. Освојувањето на Лигата на шампионите е огромна цел, нешто што клубот никогаш не го постигнал. Ова е фудбалски натпревар и, на крајот на краиштата, играчите се тие што одлучуваат за овие натпревари“, рече тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, под чија команда Атлетико беше европски вицешампион во 2014 и 2016 година.
Капетанот на тимот од Иберискиот Полуостров, Коке, имаше сликовито објаснување за тоа што треба да се случи.
„Секогаш кога се приближува денот, чувствувате нервоза во стомакот како на првиот состанок со девојката што ви се допаѓа. Има нервоза во деновите пред натпреварот, но за време на натпреварот ќе бидам смирен“.
Микел Артета е предводник на Арсенал, тим со едно единствено финале во Лигата на шампионите, уште во 2006 година (пораз од Барселона 2.1 во Париз).
„Голема привилегија е повторно да бидам тука, две години по ред сме во полуфиналето на Лигата на шампионите. Каква можност и ќе ја искористиме со сета наша сила. Покажавме во Европа на секој терен за што сме способни. Мораме да играме со таа самодоверба и таа желба“, рече Артета.
Низ историјата, овое два тима досега одиграле три натпревари, еден во актуелната кампања. Чуден меч одиграа на 21 октомври минатата година во Лондон. Арсенал го декласира Атлетико со 4:0.
Интересно, Атлетико до 57-та минута го контролираше натпреварот, две големи шанси не реализира Хулијан Алварез, а откако Габриел го постигна рпвиот гол во 57-та минута, шпанскиот тим целосно се распадна.
Играа и во полуфиналето во Лига Европа, во сезната 2017/2018. Во Лондон беше 1.1, во Мадрид 1:0 за Атлетико. Подоцна „јорганџиите“ против Марсеј славеа со 3:0 и го освоија трофејот.
Натпреварот ќе започне во 21 часот, ќе го суди Холанѓанецот Дани Макели.
The post Атлетико против Арсенал appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
