април 29, 2026

Лазар Самарџиќ, репрезентативец на Србија е на чекор до трансфер во Борусија Дортмунд, тврдат германските медиуми.

Самарџиќ, нема голема улога оваа година во тимот на Аталанта, иако постигна неколку важни голови, вклучувајќи го и оној против Борусија Дортмунд во нокаут фазата од Лигата на шампионите, со кој го однесе својот тим во следната фаза од натпреварувањето.

Од друга страна, Дортмунд обезбеди учество во најсилното европско клупско натпреварување и сака да се засили за следната сезона.

Од Германија пристигнуваат најави дека Јулијан Брант ја напушта Борусија и најверојатно оди во Атлетико Мадрид. Тие го гледаат Самарџиќ како идеална за Брант во Дортмунд.

За потсетување, Самарџиќ е роден во Германија и играл за помладите селекции на оваа земја. Предноста е што има само 24 години и би бил долгорочен проект за европскиот шампион од 1997 година.

Foto/ Depositphotos

Share

The post Самарџиќ пред трансфер во Борусија Дортмунд appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK