септември 20, 2024

Јаник Синер ја освои титулата во Њујорк и ја зголеми својата предност на челната позиција на АТП листата. Очекувано, откако не успеа да ја одбрани титулата освоена минатата година, Новак Ѓоковиќ назадуваше на листата на најдобрите светски тенисери.

На најновата АТП листа Синер има 11.180 поени, дури 4.105 повеќе од новиот светски рекет број два, Германецот Александар Зверев. Синер многу веројатно годината ќе ја заврши на првото место.

Третопласираниот Карлос Алкараз има 6.690 бодови, додека Ѓоковиќ е зад него, тој загуби 1.900 бодови и сега има 5.560.

Данил Медведев и Андреј Рубљев ги задржаа петтото и шестото место, додека финалистот на Флешинг Медоус, Американецот Тејлор Фриц забележа напредок од пет места.

Листата на првите десет ја заклучуваат Хуберт Хуркач, Каспер Руд и Григор Димитров, сите назадуваа за по една позиција.

Забележителен скок направи Френсис Тиафо од 20. на 16. место, додека исто така полуфиналистот наЈу-ес опен, Британецот Џек Дрејпер од 25. на скокна на 20. место.

The post Синер ја зголеми предноста на врвот, Ѓоковиќ падна на четвртата позиција appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK