Голем број корисници на лаптоп компјутери дома или на работа ги одржуваат постојано поврзани на електричната мрежа преку кабел.

На некој начин тоа е разбирливо бидејќи сакаат да заштедат пари на вградената батерија, сметајќи на тоа да имаат подолг работен век.

Сепак, според експертите за модерна технологија од германската веб-страница Techbook, не е добра идеја постарите лаптопи постојано да се поврзани на мрежата.

Повеќето лаптоп компјутери содржат литиум-јонски и литиум-полимер батерии. Тие имаат многу поголем капацитет за складирање на енергија и не страдаат од таканаречениот мемориски ефект. Сепак, литиум-полимерните батерии се многу почувствителни на високи температури и преполнување од литиум-јонските модели.

Сепак, кај повеќето лаптопи, самата батерија препознава кога е 100 проценти полна или соодветниот софтвер автоматски престанува да се полни за да спречи преполнување.

Она што навистина претставува проблем за литиум полимерните батерии на долг рок е повисоката температура што неизбежно се генерира кога кабелот на лаптопот е поврзан на мрежата од 230 V многу часови или дење и ноќе.

Екстремните температури кои се движат од -20 до +50 Целзиусови степени се генерално лоши за батериите на лаптопите.

Сепак, литиум-полимерните батерии дефинитивно ќе се оштетат поради покачените температури кога уредот постојано е приклучен на струја. По некое време, тие ќе ослабат и ќе се испразнат побрзо. Затоа, потрудете се постарите лаптопи да не ги чувате постојано на 230 V, на тој начин само ќе им го скратите животниот век на батеријата.