септември 20, 2024

На 08.09.2024 во 21:30 часот, во СВР Скопје, Х.А. (23) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 14:00 часот, додека се движел со своето возило „Фолксваген Шаран“ заедно со неговиот роднина О.Ј. во селото Долно Количани, биле запрени од неколку лица. Едно лице на моторцикл испукало неколку куршуми во воздух. Потоа, Х.А. се упатил кон селото Горно Количани, каде повторно бил запрен од истите лица, при што еден од нив со пиштол почнал да му упатува закани.

Во друг инцидент, на истиот ден во 20:30 часот, Е.Б. (19) од село Долно Количани пријавил дека околу 13:40 часот, додека имало веселба во селото, бил навредуван заради паркинг место од Б.Ј. Потоа, Б.Ј. со патничко возило „Ауди“ удрил во друго паркирано возило. Според пријавата, по кратко време, во чајџилницата каде што се наоѓал Е.Б., дошол О.Ј. со друго лице кое се претставило како полициски службеник Х.А. и го прашале за инцидентот. Кога Е.Б. почнал да објаснува, Б.Ј. извадил пиштол и испукал неколку куршуми во воздух. Според изјавите, О.Ј. му го одзел пиштолот на Б.Ј., по што двајцата се дале во бегство.

О.Ј. и Б.Ј. се приведени и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK