септември 20, 2024

Фото/ ffm.mk

Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва во Скопје, ќе го одигра натпреварот од третото коло во Лигата на нации. Македонија ќе ја пречека Ерменија и ќе се обиде да стави крај на лошата серија. Благоја Милевски и неговите избраници не победиле никого во последните 11 месеци.

Последен пат Македонија победила ппред 11 месеци, интересно тогаш противник во пријателски меч во Струмица беше репрезентацијата на Ерменија.

Македонија во новиот циклус во Лигата на нации не започна според планот, одигра 1:1, во Торшван против Фарски Острови, додека Ерменија со убедливи 4:1 ја порази Латвија.

Вечерва, Македонија мора да победи доколку сака да остане во игра за осовојување на првото место во Групата 4, во Ц дивизијата во Лигата на нации.

Традицијата е на страната на Македонија, во минатото со Ерменија фудбалерите одиграле 13 натпревари, Македонија победиле шест, Ерменија четири пати, три пати во меѓусебните дуели резултатото бил нерешен.

The post Македонија вечерва против Ерменија – Победата е императив appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK