септември 20, 2024

Ерлинг Халанд засега нема намера да го напушти Манчестер Сити, но неговите менаџери уште еднаш успеаја да му ги отворат сите можности во новиот договор.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Халанд сака да потпише нов договор со Сити со кој би добил поголема плата, но во договорот ќе има и клаузула за откуп.

Халанд, советувам од менаџерите, сличен потег направи кога од Салцбург се пресели во Борусија Дортмунд. Тогаш клубот се согласи откупната клаузула во договорот да изнесува 60.000.000 евра.

Кога Манчестер Сити ја кативираше откупната клаузула, тогашниот менаџер на Халанд, покојниот Мино Рајола и неговиот татко Алфи Халанд си обезбедија „дебели“ бонуси. Нешто слично ќе се случи и во моментот кога Халанд ќе реши да го напушти Манчестер Сити.

Англиските медиуми шпекулираат дека клаузулата за откуп ќе биде поголема од 100.000.000 евра и дека таа ќе важи за сите европски клубови, а не само за Реал Мадрид како што првично се мислеше.

Сепак како што потенцираат медиумите во Англија, со новиот договор Халанд сака да си обезбеди подобра иднина во Сити, со загарантиран начин дека ќе може да замине од клубот доколку некој ја активира откупната калузула.

The post Халанд ќе потпише нов договор со Сити, договорот ќе има и клаузула за откуп appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK