септември 21, 2024

Според непотврдени информации во тек се заеднички активности на повеќе институции меѓу кои на полицијата и управата за јавни приходни, кои вршат претреси на повеќе локации во фирми и домови во Струмица, Скопје и Гостивар, пишува Press24.mk

Засега она што се знае е дека се одзема огромна документација но и други предмети кои се наоѓаат при самите претреси. На полициски разговор се повикани десетина управители, адвокати, нотари кои се поврзани со работењето на струмичките и скопските фирми за кои се сомневаат дека функционираат во систем на криминална пирамида која сигурно излегува и преку државните граници. Она што исто така се знае е дека целата акција на институциите на државата е поврзана со докажување на повеќе кривични дела даночно затајување, перење пари, незаконски поврат на ДДВ со што е оштетен буџетот на граѓаните од неколку десетици милиони евра.

Неофицијално во случајот се вмешани луѓе кои важат за блиски до највисоките структури на претходната власт а под полициска опсада е познат ресторан во Струмица.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK