Норвешкиот скијач Даниел-Андре Танде ја заврши кариерата.
Повеќекратниот светски шампион и освојувач на златен олимписки медал во ски скокови, Норвежанецот Даниел-Андре Танде, одлучи да стави крај на кариерата иако има само 30 години.
Танде се уште е во процес на рехабилитација од последиците од тешкиот пад што се случи на Планица пред повеќе од три години.
Пет месеци пред Светското првенство, Танде преку Инстаграм објави дека се пензионира:
„Морав да прифатам дека скокањето сега ми создава повеќе страв отколку радост. Отсекогаш сум велел дека ќе кажам збогум кога ќе дојде ваков момент“.
По падот Танде неколку дена беше во кома. Танде е олимписки освојувач на злато со норвешкиот тим во Пјонгчанг 2018. Истата година го постигна најголемиот индивидуален успех во кариерата. Во Оберстдорф стана светски шампион во ски летови.
Танде три пати бил светски првак во екипна конкуренција.
The post Олимпискиот шампион ја заврши кариерата поради страшниот пад во Словенија appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде