септември 21, 2024

Политичкиот трилер на Гоце Цветановски, Бизнисот на заадоволството е селектиран во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал на Бахамите.

Во своето 19-годишно постоење, овој фестивал беше три години под патронат на Шон Конери, а го посетиле многу значајни имиња од филмската индустрија, како Николас Кејџ, Дерил Хана, Лоренс Фишбурн и Џони Деп. Во 2015 и 2018 беше прогласен меѓу 25 „најкул” фестивали на светот од магазинот Мувимејкер (Moviemaker magazine), а слоганот на фестивалот е „Кино во рајот“.

Фестивалот ќе се одржи од 13 до 17 ноември во главниот град на Бахамите – Насау, а Бизнисот на Задоволството ќе биде прикажан во програмата Духот на Слободата.

Ова е 32-ра селекција за филмот на Цветановски кој досега освои 10 меѓународни награди.

Политичкиот трилер од 19 септември ќе почне да се прикажува во кино салите низ Македонија.

Поддржан е од Агенцијата за Филм.

https://www.facebook.com/share/r/wbDztr9nasKn8Wh1/

 

The post „Бизнисот на задоволството“ патува на Бахамите, од следната недела ќе игра во кината низ Македонија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK