септември 20, 2024

Фудбалерите на Реал Мадрид уште еднаш победија, но не блескаа на гостувањето кај Реал Сосиедад.

Кралскиот клуб до новите три бода во новата сезона стигна по головите од пенал. Првиот во гол го претвори Винисиис Жуниор а вториот Килијан Мбапе.

Натпреварот го одбележа Бразилецот, кој уште еднаш влезе во конфликт со навивачите на Сосиедад, кои неколкупати го навредуваа од трибините, а тој не им остана должен.

За ова проговори поранешниот фудбалер на Реал, Предраг Мијатовиќ, кој имаше што да му каже на младиот Бразилец.

„Тој фрла камења на покривот на сопствената куќа. Ја затрупува. И сето тоа иако е свесен за целата атмосфера околу него. Треба да се смири малку“, отворено изјави Мијатовиќ.

Легендарниот фудбалер на Реал е свесен дека во некои ситуации самиот Винисис е виновен за се што му се случува.

„Сите сме среќни поради голот, но тој веднаш не разочара со начинот на кој славеше. Што прави сето ова за него? Тој си прави лоша услуга. Секојдневно разговарам со многу навивачи на Реал и на сите им пречи неговото однесување“, заклучува Мијатовиќ.

The post Мијатовиќ: Винисис треба малку да се смири appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK