септември 20, 2024

Град Скопје продолжува со втората фаза од проектот за целосна реконструкција на зелениот појас на десната страна на кејот на река Вардар, која се одвива во повеќе фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило.

Во втората фаза се започнува со обнова на зелениот појас на кејот на реката Вардар на потегот од мостот Беласица до мост Генерал Михајло Апостолски, при што со овој проект се формира нов зелен појас со нова хидрантска мрежа на површина од 12.000 метри квадратни и должина од над 1500 метри. Проектот во сите фази го изведува јавното претпријатие Паркови и зеленило Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK