септември 20, 2024

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска било пријавено дека на територијата на Кисела Вода биле опожарени три возила. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (15.09.2024) во 04:54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територија на Кисела Вода, биле опожарени три возила, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Д.С.(32) од кумановско, патничко возило „рено“ со скопски регистерски таблички, сопственост на М.С.Е.(31) од Скопје и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, сопственост на Љ.М.(62), од Скопје, стои во соопштението од МВР.

Како што дополнуваат, огнот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK