декември 23, 2024

– Косовскиот премиер Албин Курти и британскиот пратеник за Западен Балкан, денеска во Приштина разговараа за соработката меѓу Косово и Велика Британија, како и за влијанието на Русија.

Во соопштението се наведува дека „на првата средба годинава“ се разговарало за досегашната соработка и „новите можности во текот на 2023 година“.

Курти ги истакна одличните билатерални односи и важноста на поддршката на Велика Британија за Косово, особено на полето на безбедноста“.

Во соопштението се наведува дека разговарале и за „предизвиците со кои се соочува регионот на Западен Балкан, за опасноста од влијанието на Русија врз безбедноста и напредокот, како и за важната улога на НАТО во спречувањето на влијанието и намерите на Москва во регионот“.

Курти рече дека на Косово има демократски, правен, економски и социјален напредок, кој мора да се заштити заедно со партнерите и сојузниците, се вели во соопштението, во кое се додава дека и се заблагодарува на Велика Британија за „активен ангажман во косовските интегративни процеси“.

Пич претходно се сретна со претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK