декември 23, 2024

 Од јануари до ноември 2022 година споредено со истиот период претходната година, стапката на криминалот во Бугарија севкупно се зголемила за 2,2 отсто. Ова го изјави во Парламентот, вицепремиерот и вршител на должноста министер за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев, каде беше сослушан во врска со случаите на вмешаност на службеници од Министерството за внатрешни работи во трговијата со мигранти преку територијата на таа држава и случаите на домашен криминал.

Барањето за сослушување беше поднесено од Иван Ченчев и група народни претставници од „БСП за Бугарија“.

Според него, значително се зголемуваат телефонските измами, незаконското одземање моторни возила и делата извршени во услови на семејно насилство.

За незаконското одземање моторни возила, во наредните недели се подготвува специјализирана полициска акција од национално ниво, информираше Демерџиев.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK