септември 20, 2024

Првото коло од новата фудбалска сезона во Лигата на шампионите во новиот формат ќе се игра во следните три дена.

Во Лигата на шампионите во новиот формат ќе учествуваат 36 клубови, а ќе се одиграат осум кола. Во секое коло ќе се играат по 18 натпревари.

Групната фаза на ЛШ ќе трае од 17. септември оваа година до 29 јануари 2025 година. Осумте првопласирани екипи ќе обезбедат директен пласман во осминафиналето на ЛШ, додека клубовите од 9 до 24 место ќе играат плеј-оф за пласман во осминафиналето.

Клубовите кои ќе завршат од 25. до 36. ќе ја завршат сезоната.

Титулата во Лигата на шампионите ја брани Реал, кој минатата сезона во финалето ја победи Борусија Дортмунд со 2:0. Реал има најмногу трофеи во Лигата на шампионите, вкупно 15.

На втората позиција е Милан со седум, следуваат Баерн и Ливерпул со по шест трофеи, додека Барселона пет пати била европски првак.

Реал одбраната на титулата ќе ја започне во вторник против Штутгарт. Првото коло ќе го обележат италијанско-англиските пресметки.

Во вторник, Милан ќе го пречека Ливерпул, во среда во репризата на финалето од сезоната 2022/2023 Интер ќе гостува кај Манчестер сити, а во четврток актуелниот победник во Лига Европа, Аталанта ќе го пречека Арсенал.

Македонскиот фудбал, во новиот формат на ЛШ има четворица свои репрезенти. Адеми и Ристовски во вторник со Динамо ќе гостуваат кај Баерн во Минхен, ден подоцна дебитанто Џирона со Бојан Миовски ќе му се спротивстави на ПСЖ во Париз, а во четврток Елиф Елмас и Лајпциг ќе гостуваат на „Сивитас Метрополитано“ кај Атлетико.

Лига на шампиони, 1. коло:

вторник, 17.септмври:

18:45 Јувентус – ПСВ Ајндховен
18:45 Јанг Бојс – Астон Вила
21:00 Баерн – Динамо Загреб
21:00 Милан – Ливерпул
21:00 Реал – Штутгарт
21:00 Спортинг Лисабон – Лил

среда, 18.септември:

18:45 Болоња – Шахтјор
18:45 Спарта Прага – Салцбург
21:00 Клуб Бриж – Борусија Дортмунд
21:00 Селтик – Слован Братислава
21:00 Манчестер сити – Интер
21:00 Пари Сен Жермен – Џирона

четврток, 19.септември:

18:45 Црвена звезда – Бенфика
18:45 Феенорд – Баер Леверкузен
18:45 Аталанта – Арсенал
21:00 Атлетико Мадрид – Лајпциг
21:00 Монако – Барселона
21:00 Брест – Штурм

The post Стартува ЛШ, италијанско-англиски пресметки ќе го обележат првото коло appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK