септември 20, 2024

Вун-А-Таи позираше во црн костум, со црвен отпечаток на дланка преку устата, симбол на солидарност за исчезнатите и убиените домородни жени.

Актерот Д’Фараон Вун-А-Таи (22) привлече внимание на доделувањето на „Еми“ наградите . Ѕвездата на „Reservation Dogs“, која беше номинирана во категоријата за најдобар актер, го искористи своето појавување на црвениот тепих за да испрати силна порака.

Вун-А-Таи позираше во црн костум, со црвен отпечаток од дланка на устата, со што испрати порака на солидарност за исчезнатите и убиени домородни жени, односно ги „означува сите исчезнати сестри чии гласови не се слушаат, молкот на медиумите и законот“.

На овогодинешната церемонија, Вун-А-Таи беше номиниран за својата прва награда Еми за улогата во „Reservation Dogs“, но наградата му припадна на Џереми Ален Вајт за неговата улога во „Мечката“.

Сепак, Вун-А-Таи влезе во историјата како првиот домороден актер кој бил номиниран во која било категорија за главна улога.

„Reservation Dogs“ ја следи приказната за домородните американски тинејџери во Оклахома кои сакаат да се пробијат до Калифорнија. Попатно, тие се подготвени на се’ за да добијат пари, па дури и да ги украдат. Серијата е достапна за гледање на платформата „Хулу“.

Вун-А-Таи изјави за списанието „Варајати“ во април дека шоуто го научило на важноста да ја раскаже сопствената приказна.

„Никој не треба да ги кажува нашите приказни во наше име. Тоа трае предолго. Имавме доволно лажни претставувања“, рече Вун-А-Таи.

The post Црвен отпечаток од дланка на устата: што се крие зад потегот на актерот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK