септември 20, 2024

Пејачката Никол Шерцингер и нејзиниот вереник Том Еванс уживаа на луксузна јахта, а таа на Инстаграм сподели фотографии од романтичното патување.

Славниот пар одморот го помина на јахта, а најголемо внимание привлече глетката на Никол во црвено бикини. Пејачката ја истакна својата витка линија и се заштити од сонцето носејќи сламена капа и очила за сонце. Иако не откри каде се, многумина во коментарите истакнаа дека тоа е Португалија.

Покрај фотографиите од јахтата, Никол сподели и романтични фотографии во бел фустан со својот вереник за време на зајдисонце. „Среќен викенд и прекрасни спомени“, напиша таа во описот.

Објавата има над 100.000 лајкови на Инстаграм. „Убава е“, „Згодна двојка“, „Том е најсреќниот маж на светот“, се само дел од коментарите.

The post Никол Шерцингер сподели фотографии од романтично патување, уживајќи на јахта appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK