септември 20, 2024

Здружението на пензионери-Битола ги известува пензионерите од општините Битола, Новаци и Могила – членови на Здружението на пензионери Битола, дека од 16.09.2024 година до крајот на октомври 2024 година ќе се организираат и реализираат планираните есенски екскурзии.

Сите заинтересирани пензионери ќе можат да се пријавуваат кај претседателите на месните ограноци и да презентираат лична карта и талон од пензијата.

Предност ќе имаат пензионерите од месниот огранок каде припаѓаат и кои досега не ги искористиле пензионерските екскурзии.

Времето и релацијата на екскурзијата ги договараат претседателите на ограноците со пензионерите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK