септември 20, 2024

Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против тројца полицајци за неизвршување на судска одлука. Според соопштението на МВР, прво и второ пријавениот полицаец не постапиле согласно писмената наредба на Основен Суд Кичево за спроведување на осуденик во затвор, заради издржување затворска казна од една година.

Како што е наведено, двајцата полицајци го однеле лицето во затворот во Битола, но откако таму не бил примен наводно поради немање слободни места, полициските службеници без каква било службена документација го пуштиле на слобода без одобрение од судот.

Полицајците сето ова го направиле со одобрение на третопријавениот полицаец во својство на одговорно лице, кој не издал наредба осуденото лице да биде доведено и задржано во полициската станица во Битола, што е спротивно на правилникот за вршење полициски работи во МВР.

Покрај кривичната пријава, за овие тројца полицајци ќе биде поднесен и предлог за поведување дисциплинска постапка и нивно отстранување на работното место се до завршување на постапката.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK