Кејт Мидлтон (42) ја одржа својата прва официјална средба по повеќе од девет месеци пауза поради здравствени проблеми, пишува Дејли Мејл. Принцезата од Велс им се врати на работните обврски.
Таа организираше состанок во замокот Виндзор каде што разговараше за нејзиниот проект за ран детски развој, на кој присуствуваа членови на нејзиниот тим и претставници на Фондацијата за рано детство.
Да потсетиме, Кејт во март објави дека и бил дијагностициран рак по операција на абдоменот и дека ќе мора да оди на превентивна хемотерапија. Таа неодамна ја сподели веста дека завршила со хемотерапија.
The post Кејт Мидлтон се врати на кралските должности, го одржа својот прв состанок appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде