Каја Гербер на филмскиот фестивал во Торонто се појави во фустан сличен на оној што нејзината мајка, легендарната Синди Крафорд, го носеше на Оскарите во 1993 година.
Станува збор за креација на Ерве Леже во бела боја. Изгледот Каја го комплетираше со едноставна шминка, накит и високи потпетици.
На овој фестивал премиерно беше прикажан филмот „Школка“ во кој таа имаше улога.
Нејзината стилистка Моли Дикинсон во интервју за Вог изјави дека Каја и испратила неколку идеи за тоа што би сакала да облече на фестивалот, а една од нив е и овој фустан.
„Мислев дека е одлично да го почитувам иконскиот момент на Синди на овој начин“, додаде таа.
Во далечната 1993 година, Синди се прошета на црвениот тепих со нејзиниот тогашен сопруг Ричард Гир, додека Каја на филмскиот фестивал во Торонто се појави без придружба.
The post Ќерката на Синди Крафорд е нејзина слика и прилика: блесна во речиси идентичен фустан appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде