септември 19, 2024

Фенербахче и официјално го потврди потписот на српскиот центар Бобан Марјановиќ, кој на тој начин се враќа во европската кошарка за прв пат по 2015 година.

Како што е наведено на официјалниот сајт на Фенер, Марјановиќ потпишал едногодишен договор со клубот.

„Дојде Бобан! Бобан Терминатор Марјановиќ“, пренесуваат социјалните мрежи на турскиот клуб. Марјановиќ ги носеше дресовите на ЛА Клиперс, Филаделфија, Далас и Хјустон, со кои ја прекина соработката. Тој одигра вкупно 331 лигашки натпревар во НБА, со просек од 5,5 поени и 3,6 скока.

Марјановиќ е седмото засилување на клубот од Истанбул во преодниот рок. Претходно во Фенербахче пристигнаа: Кем Бирч, Вејд Болдвин, Ертен Гази, Бонзи Колсон, Николо Мели и Девон Хол.

Boban ‘The Terminator’ Marjanovic! #BobanIsHere https://t.co/2tOBCdCa7j pic.twitter.com/vw5TDti3WH

— Fenerbahçe Beko (@FBBasketbol) September 18, 2024

The post Фенер го претстави Марјановиќ: Терминаторот е тука! appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK