На 17.09.2024 во 16.15 часот во СВР Скопје, В.М.(46) од Скопје пријавила дека од семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода се оддалечил нејзиниот брат Д.М.(45) од Скопје, кој имал здравствени проблеми.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од МВР.
Исто така на 17.09.2024 во СВР Скопје пак било пријавено дека била пронајдена М.С.(20) од Скопје, за која на 16.09.2024 нејзината мајка Н.С.(46) пријави дека се оддалечила од домот на подрачјето на Гази Баба.
Следете не, не има насекаде