Манчестер Сити и Интер одиграа натпревар без голови на стартот од Лигата на шампионите. Сепак, тоа не значи дека немаше интересни моменти на „Етихад“.
Имено, Ерлинг Халанд му пријде на стоперот на Интер Франческо Ачерби и го праша дали го сака неговиот дрес – со симулација како го влечеше во текот на целиот натпревар.
Италијанскиот дефанзивец реагираше на шега и низ смеа рече дека веќе има два од претходните дуели. Тоа предизвика реакција кај фудбалерот на Сити, кој со насмевка продолжи понатаму.
Во следното коло од Лигата на шампионите, Манчестер Сити ќе гостува кај Слован во Братислава, а веќе викендов ќе има важен натпревар во Премиер лигата против Арсенал.
Francesco Acerbi wanted not one, but two shirts off Erling Haaland after the game
@tntsports & @discoveryplusUK pic.twitter.com/Y0suFRk8Sb
— Football on TNT Sports (@footballontnt) September 18, 2024
The post (Видео) Халанд му „понуди“ дрес на Ачерби, доби неочекуван одговор appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде