септември 19, 2024

31-годишен жител на Гостивар, кој собирал пари преку социјалните мрежи за лекување во странство, бил измамен за сума од 760 евра, информира полицијата. Според податоците од Министерството за внатрешни работи, на 18 септември 2024 година, во 14:40 часот, лицето пријавило во ОВР Гостивар дека било измамено од лице кое се претставило како Р.М. од Република Србија, наводно претставник на хуманитарна организација.

Лицето го контактирало преку социјалната мрежа, по што понудило да помогне со значителна донација, но побарало гостиварецот да уплати 760 евра како „потребна процедура“. Откако парите биле испратени преку брз трансфер, наводниот донатор го блокирал, по што жртвата сфатила дека е измамена.

Полицијата презема мерки за расветлување на случајот и работи на идентификација на сторителот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK