септември 19, 2024

ОВР Гостивар соопшти дека еден граѓанин е измамен за 760 евра од лице кои му кажало дека ќе му уплати поголема сума пари за лекување, но дека според процедурата, прво тој треба да му испрати пари.

Според соопштението, 31 – годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 760 евра.

„Според пријавеното, околу 9 часот лицето се јавило преку социјална мрежа и се претставило како Р.М. од Република Србија, кој работел во хуманитарна организација. Како што е пријавено, лицето го видело апелот за помош за негово лекување во странство и сакало да помогне со донација на поголем износ, но било потребно прво тој да уплати 760 евра бидејќи таква била процедурата. Исто така, според пријавеното, откако ги пратил парите преку брз трансфер на пари, лицето го блокирало, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK