септември 20, 2024

Интересни вести доаѓаат од светот на фудбалот. Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд сака да го купи фудбалскиот клуб Нант од Лига 1.

Како што пренесува „Лекип“, заменик-капитенот на Ливерпул и репрезентативец на Англија води сериозни преговори со сопственикот на „Канаринците“, Валдемар Кит. Кит е сопственик на Нант од 2007 година и наводно сака да го продаде клубот.

Еден од најдобрите десни бекови во светот би влегол во овој бизнис во партнерство со конзорциумот во кој е и неговиот татко. Наводно, Кит бара 100 милиони евра, но купувачите не се заинтересирани да инвестираат толку многу, па преговорите се уште траат.

Инаку, Александер-Арнол е малцински сосптвеник во Формула 1 тимот, Алпин, заедно с актерот и сопственик на Рексам, Рајан Рејнолдс, голферот Рори Мекилрој и боксерот Ентони Џошуа.

The post Трент сака да купи клуб во Франција appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK