септември 21, 2024

Икона на Пресвета Богородица -„Троеручица“ од светогорскиот српски манастир Хиландар пристигна во Скопје. Стотици верница дојдоа во црквата посветена на Мајката Божја да ја пречекаат иконата и да допрат и бакнат. Ја донесоа неколкумина српски монаси кои беа поздравени од народот.

Иконата беше внесена во црквата на осветување по што следеше литија низ центарот на Скопје. Се работи за копија од оригиналната икона и трајно ќе остане во нашиот храм.

Оваа света и чудотворна икона на Пресвета Богородица најпрвин му припаѓаше на свети Јован Дамаскин, кој живееше во VIII век по Христа. Во тоа време, Дамаск беше дел од исламската држава – Омејадскиот калифат, а Јован беше службеник кај калифот. Кога во соседното христијанско Источно римско царство се појави ереста на иконоборството, тогаш светиот Јован Дамаскин се покажа ревносен заштитник на светите икони.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK