септември 21, 2024

Фудбалерите на Ница во воедниот натпревар од 5.коло во Лига 1, го декласираа Сент Етиен со 8:0.

Поранешниот финалист на Купот на шампионите и десеткратен француски шампион Сент Етјен доживеа една од најголемите катастрофи во нивната историја.

Самиот почеток на мечот ја најави катастрофата кога си постигнаа авто-гол. До крајот на полувремето примија уште пет гола и можат да бидат среќни што во вториот дел Ница постигна уште само два гола.

Неможејќи да го гледаат резлот на својот тим, навивачите на Сент Етиен го напуштија стадионот воо 39.минута.

Во првите десет минути два гола во мрежата на „зелените“, Батубисика си постигна автогол, а Еномбеле во 7. минута зголеми на 2:0. До 30. минута беше 4:0 со головите на Чо и Мукоко, а во 40. минута беше 6:0 по головите на Гесан и повторно на Мукоко.

Ниту тоа не беше доволно, па Диоп во 75. минута и Росарио од пенал во 86. минута ставија точка на овој меч.

The post (Видео) Десеткратниот шампион на Франција загуби 8-0, навивачите си заминаа во 39.минута appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK