септември 21, 2024

Фудбалскиот клуб Вардар со длабоко жалење ја информира јавноста дека денес, на 38 годишна возраст почина Дејан Костуранов.

Својата долгогодишна успешна кариера како голман, Дејан Костуранов ја започна токму во ФК Вардар, каде што беше дел првенствено од младинските категории.

Миленик на навивачите, засекогаш ќе остане препознатлив по посветеноста, како и професионализмот кој го красеше во текот на целата играчка и тренерска кариера.

Во името на клубот изразуваме сочувство до семејството, како и до сите останати блиски пријатели на Дејан.

Дејан Костуранов

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK