септември 23, 2024

Колумбиската актерка Кораима Торес, позната по улогата на Касандра во истоимената хит серија, вчера пристигна на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Торес во Србија доаѓа работно. Ќе се приклучи на актерската екипа на српската серија „Игра на судбината“ и ќе ја игра една од главните улоги.

 

Среќна сум и возбудена, рекла актерката, која на насобраните им праќала бакнежи и додала дека Србија има посебно место во нејзиното срце.

 

За време на прикажувањето на латиноамериканската теленовела, со која стекна огромна популарност, Торес заедно со колегата Хенри Сото, кој го играше ликот на Ранду, го посетија Балканот. Меѓудругото, во 1998 година имаа турнеја низ Македонија каде се сретнаа со фановите во Скопје, Охрид и во Битола.

The post (Видео) Касандра се врати на Балканот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK