септември 23, 2024

Ефикасноста е главниот проблем на Јувентус од почетокот на сезоната. Првиот напаѓач, Душан Влаховиќ, постигна само два гола на шест натпревари. Србинот, во саботата против Наполи, беше заменет во паузата меѓу двете полувремиња, откако за 45 минути имаше само шест допири со топката.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, тренерот Тијаго Мота и челниците на Јувентус бараат нова „деветка“ наместо Душан Влаховиќ.

Според овие извори изборот е напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид.

Канаѓанецот има 24 години, а оваа сезона на 10 натпревари постигна четири гола. Неговиот договор истекува на крајот од актуелната сезона, па Лил нема ништо против да го продаде својот напаѓач за да заработи малку пари во зимскиот преоден рок.

The post Мота го губи трпението со Влаховиќ – Јувентус бара нова „деветка“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK