септември 23, 2024

Актуелниот светски првак, Макс Ферстапен, не е задоволен од казната што му ја изрекоа челниците на натпреварувањето и се закани дека ќе ја напушти Формула 1.

Ферстапен овој пат е санкциониран поради употреба на несоодветен речник во јавен простор. Мохамед Бен Сулајем, шефот на ФИА, не го толерира „раперскиот речник“, па оттука актуелниот шампион повторно се најде на удар.

Овој пат, покрај паричната казна, која веќе ја платил за слични прекршоци, казната ќе треба да ја отслужи и преку општествено корисна работа.

Судејќи по реакцијата на Холанѓанецот по новата казна, неговата долгогодишна желба да не остане премногу години во „најбрзиот циркус“ може само да ја забрза неговата одлука.

„Ваквите работи дефинитивно можат да влијаат на мојата иднина, кога ќе треба да одберете да бидете тоа што сте или ќе морате да трпите вакви работи“, рекол Верстапен без влакна на јазикот.

Ферстапен заврши на второто место на последната трка во Сингапур и остана на чело во генералниот пласман со 52 поени повеќе од второпласираниот Ландо Норис.

„Сега сум во фаза од мојата кариера кога воопшто не сакам да се занимавам со овие работи (казни за изговорените зборови). Навистина ме изморува. За мене ова не е начин да продолжам да спортувам, тоа е за сигурно.”

Казната ја отслужи со дружење со стјуардите неколку часа пред трката во Сингапур.

Тој ја бојкотираше последната прес-конференција, односно на секое прашање одговараше што е можно пократко, а дури по официјалното обраќање, кое е задолжително според прописите на Ф1, имаше подолг разговор со новинарите.

Очигледно Ферстапен е многу незадоволен од третманот кој моментално го добива.

The post Ферстапен се заканува дека ќе ја напушти Формула 1 appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK