септември 24, 2024

Почитувани граѓани на мојот Охрид, почитувани граѓани на Македонија.

Со оваа видео порака јавно ви се заблагодарувам за тоа што за многу кратко време ги собравте срествата потребни за мое лекување, вели преку видео благодарност Мухамед Максуд Муки.
Во овие тешки и траорни моменти за мене и за моето семејство, кога се соочивме со проблем кој ни изгледаше не премостив, моите другари, пријатели, познаници, но и непознати луѓе кои никогаш не сум ги сретнал покажаа голема хуманост и човечност и сплотени тргнаа во акција за собирање на средствата за мое лекување.

Јавно благодарност уатувам до сите нив, почнувајќи од медиумите и јавните личности кои ја мобилизираа јавноста, менаџерите на угостителските објекти кои организираа хуманитарн изабави, супер маркетите, теретаните, кафетериите и сите оние објекти кои поставија кутии за собирање донации преку Црвен Крст Охрид за што уаптувам посебна благодарност.

Охрид и Македонија уште еднаш покажаа дека кога треба сите здружено знаеме да помогнеме. Да останеме сите хумани и во иднина и да помагаме и на други лица на кои ќе им е потребна помош, вели Мухамед Максуд Муки.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK