По долгогодишно исчекување, уште една земја во регионот се приклучи на глобалното семејство на земји чии улици се достапни на Google Street View.

Одредени улици и места во Босна и Херцеговина се веќе достапни, а корисниците ќе можат со неколку кликања „виртуелно да прошетаат“ низ градовите, селата и другите делови на земјата.

За потсетување, Google Street View е услуга која на корисниците им дава преглед на улици, згради и други објекти со помош на панорамски фотографии. Ова, се разбира, е достапно од апликацијата Google Maps или од страницата.

Google Street View е достапен во повеќе од 100 земји во светот, а покрај Босна и Херцеговина, најнови членки се Намибија, Лихтенштајн и Парагвај.

Автомобили со камери за снимање на околината веќе поминаа низ улиците на Босна и Херцеговина, а се очекува во наредниот период да бидат опфатени повеќе локации.

Во моментов, делови од Сараево, Мостар, Бања Лука и други се вклучени во системот.