септември 27, 2024

Севилја му го продолжи договорот на тренерот Франциско Хавиер Гарсија Пимиента до летото 2027 година. Севилја пред два дена го совлада Ваљадолид со 2:1 (1:0) во седмото коло од шпанскиот шампионат.

Со потписот на тригодишниот договор со 50-годишникот од Барселона, гигантот од Андалузија најави крај на турбулентниот двегодишен период, барем кога станува збор за стручниот штаб.

Откако Хулен Лопетеги замина од клубот во 2022 година започна тренерската вртелешка во Севилја. Лопетеги беше заменет со Хорхе Сампаоли во октомври 2022. Аргентинецот си замина од клубот во април 2023 година, а на неговото место дојде Хозе Луис Мендилибар кој до крајот на сезоната успеа да ја освои Лигата Европа, но клубот лошо влезе во сезоната 2023/24 па и тој доби отказ.

Мендилибар го наследи Диего Алонсо, кој во Севилја се задржа само два месеци. Минатата сезона ја заврши Кике Санчез Флорес кој ја оствари целта и успеа да избори опстанок во лигата.

Гарсија Пимиента ја презеде Севилја во летниот преоден рок, минатата сезона тој седеше на клупата на Лас Палмас.

The post Севилја му го продолжи договорт на Гарсија Пимиента appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK